недела, 27 октомври 2024

Студентите бараат субвенции за меѓуградскиот превоз и ваучери за туризам

Универзитетското студентско собрание денеска излезе со две нови барања до Министерството за образование – субвенции за меѓуградскиот превоз и ваучери за туризам.

Објавено на

часот

Сподели

Студентите бараат продолжување на мерката за субвенции за меѓуградски превоз според која за време на изминатата година се добиваше до 1.200 денари месечно со цел набавка на билет за меѓуградски превоз. Или, предлагаат студентите, да се воведи мерка за намалување на цените на билетите во меѓуградскиот превоз за студенти.

Ваквата мерка е веќе присутна и во Националата стратегија за млади 2023-2027 година во делот на Образование под точка 4.1.1.2 која гласи „Донесување одлука за намалување цени на меѓуградскиот автобуски превоз за средношколци и студенти на територијата на цела држава и зголемување на редовноста на линиите”.

Второто барање, како што наведуваат, се однесува за конечно исполнување на ветената мерка за ваучер за туризам. Оваа мерка беше ветена кон крајот на 2023 година и за неа биле предвидени 64 милиони денари, а сѐ уште не е исполнета. Апелираме што побргу да се оствари, стои во соопштението од Универзитетското студентско собрание при УКИМ.

Во декември лани, министерот за економија во претходната Влада, Крешник Бектеши, на средба со студентите најави нова мерка за ваучери за студенти која имаше цел и да се поттикне домашниот туризам за што биле предвидени 64 милиони денари. Со мерката првично требаше да бидат опфатени околу  7.000 илјади студенти од државните и приватните универзитети, а вредноста на ваучерот да се движи од 300 до 400 евра по студент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ