сабота, 27 јули 2024

Студенти, професори, академски работници, занаетчии од денеска слободно можат да работат во земјите на Западен Балкан

Објавено на

часот

Сподели

Со нив се воспоставува слободно движење на луѓето само со лични карти во рамките на Западен Балкан; се овозможува мобилност на студентите, професорите и академските работници, додека процедурите за признавање се скратуваат од неколку месеци на две недели и без трошоци, докторите на медицина, забарите и архитектите ќе можат своите услуги да ги нудат слободно низ регионот.

„Секој од овие договори дава специфична можност да им помогне на нашите граѓани да го искористат својот потенцијал, да ги прошират своите искуства и да придонесат за доброто на нашиот регион. Договорите претставуваат значаен чекор напред во нашите напори да им овозможиме на граѓаните слобода на движење и интеграција, како услов за воспоставување на заеднички регионален пазар, што ќе претставува најбезбеден и најбрз пат кон исполнување на нашата заедничка цел – членство во Европската унија“, изјави министерот Османи.

Македонското министерството за надворешни работи е избрано како депозитар на овие договори.

Берлинскиот процес е иницијатива за меѓувладина соработка која има за цел да ги ревитализира мултилатералните врски меѓу Западен Балкан и одредени земји од Европската Унија (ЕУ), како и да ја подобри регионалната соработка на земјите од Западен Балкан на полето на инфраструктурата и економскиот развој. Иницијативата почна со првата конференција за Западен Балкан во Берлин во 2014 година. иницирана од тогашната германска канцеларка Ангела Меркел откако тогашниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер најави дека во наредните пет години ќе нема проширување на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ