Курсевите се наменети за сите студенти на Универзитетот во Тирана, а наставата ќе ја изведуваат македонски професори од УКИМ од Скопје. На крајот на курсот, студентите ќе добијат сертификат за соодветно стекнато ниво на познавање на македонскиот јазик.
„Воннаставните програми за странски јазици се иновација и можности повеќе за студентите на Универзитетот во Тирана и имаат за цел да обезбедат богато и совршено искуство за сите вас кои сакате да го продлабочите своето јазично и културно знаење“, се наведува во објавата.