сабота, 27 јули 2024

Студенти на гости кај Османи

Објавено на

часот

Сподели

Тема на посетата беа приоритетите на Македонија во рамки на Претседателството со ОБСЕ, дипломатската агенда за 2023 година, како и фокусот на младите кога станува збор за иднината.

Ова е мојот втор дом, тука се одвиваат сите процеси важни за државата и нејзиното претставување на меѓународен план. Како идни лидери, вие имате клучна улога во обликувањето на подобра иднина за сите и верувам дека ова искуство ќе ви помогне да станете посвесни, информирани и поодговорни граѓани“, рече Османи.

Тој во текот на разговорот со студентите истакна дека мислењата на младите и граѓанскиот сектор се клучни при креирање на политиките, во контекст на мотото на Македонија како претседавач со ОБСЕ „За луѓето се работи“.

Нашата самодовербата како земја претседавач со ОБСЕ е многу значајна, затоа што од земја која што барала поддршка и помош, ние станавме земја која нуди решенија и дава значаен придонес за меѓународната политика“, истакна Османи пред студентите.

Министерот при отворениот разговор со студентите направи компарација помеѓу своите две професии, хирург и дипломат.

Кога ќе направам паралела на моите професии, можам да кажам дека во хирургијата скалпелот е инструментот, а во дипломатијата зборот е инструментот. Затоа е многу важно да го одржуваме зборот, бидејќи тоа е нашиот алат“, рече Османи.

Студентите се интересираа и за тоа колку претседавањето на Македонија со ОБСЕ ќе придонесе за унапредување на човековите права, но и како истото ќе влијае нашата земја да добие подобра позиција во преговорите со Европската Унија.

Ние како студенти по политички науки и дипломатија сме свесни и знаеме колку е важно да бидеме дел од Европска Унија и од ОБСЕ и би сакала и другите млади да имаат можност одблиску да видат дека процесите што се одвиваат на полето на надворешната политика се важни и ќе придонесат за наш напредок“, истакнаа студентите во разговорот со Османи.

Османи нагласи дека ставот на студентите за актуелните меѓународни прашања, како и за позицијата на Македонија во геополитичките случувања се важни за обликувањето на насоката во која ќе се движи земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ