Белградски студенти од неформалната група Борба, поставија вчера шатори и блокираа дел од централна градска сообраќајница во Белград, барајќи од министерството за државна управа и локална самоуправа отворање гласачки попис во знак на поддршка на опозициската коалиција која ја обвинува власта за украдени гласови.
Српската напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ, според податоците на државната изборна комисија, освои 46,72 отсто од гласовите на предвремените избори на 17 декември.
Студентите направија импровизиран камп и седат на крстосница на две улици во близина на владини згради, блокирајќи го сообраќајот. Студентите најавија дека ќе останат на улица до сабота попладне.