среда, 15 јануари 2025

Студенстки отпор: МОН се обидува да го укине субвенционираниот оброк за студентите

Објавено на

часот

Сподели

„Како што и претходно баравме, така и овој пат, сметаме дека согласно инфлацијата 140 денари дневно е мала сума за еден квалитетен оброк.

Според предвиденото оброкот ќе може да го користиме само со картичка, а голем дел од угостителските објекти кои се наоѓаат во близина на кампусот на УКИМ не поседуваат терминали за плаќање со картички.

Водени од искуството од претходните години каде што МОН доцнеа на месечно ниво со исплата на средствата, се сомневаме дека сега ќе успеат на дневно ниво да ги испраќаат средствата. Нашето барање е средствата да се испраќаат на неделно или месечно ниво. 

Не се согласуваме со одлуката средствата да не можат да се искористат наредниот ден ако не се искористени истиот ден кога се префрлени. Кога веќе се одвојуваат средства зошто тие да се враќаат назад?

Нефункционалноста, нерационалноста, неодговорноста и негрижата за студентите очигледно преминаа во пракса и навика од страна на Министерството за образование и наука“, се вели во соопштението на Студентски отпор.

 

Со почит,

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ