„Покачувањето на партиципацијата веќе е главна точка на дневниот ред на сите факултетски студентски собранија.
Како најавтентична студентска организација која ги застапува правата на студентите, ова сериозно нè загрижува затоа што на ваков начин би се спречила можноста за пристап до високото образование на оние посиромашни и студенти од социјално ранливи категории“, се вели во реакцијата на Студентски отпор.