сабота, 27 јули 2024
Време

Студено со врнежи од дожд и снег

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, особено претпладне. Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер (и над 60 km/h).

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината од снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

х

Утре времето ќе биде променливо облачно и студено. Преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во Скопје утрото променливо облачно, преку денот сончево со слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 0 до 8 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ