сабота, 27 јули 2024

Студен бран ги погоди Финска и Шведска, измерени и до минус 40 Целзиусови степени

Студен бран ги погоди Финска и Шведска каде денес се измерени рекордно ниски температури, некаде и до минус 40 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Студот и снежното невреме предизвика прекин на транспортот во цела Скандинавија, во Норвешка главниот автопат на југот е затворен и прекинат е превозот со траекти, додека шведските железничари соопштија дека студот предизвикал големи проблеми за железничкиот сообраќај на северот на земјата.

Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт соопшти дека температури од минус 30 Целзиусови степени се забележани на повеќе места на северот на земјата и издаде предупредување за обилни снежни врнежи и силни ветришта на југот на Шведска.

Во соседна Финска годинешниот зимски рекорд е забележан на северозападот на земјата, каде денес се измерени температури од минус 37 Целзиусови степени, а метеоролозите најавија дека во текот на неделата и во други делови од земјата температурата ќе падне дури и пониско од минус 40.

Температурата во финската престолнина Хелсинки се очекува да се движи меѓу минус 15 и минус 20 степени.

Неколку траектни компании низ регионот го прекинале транспортот, вклучувајќи ја таа од јужна Норвешка до Данска, каде главниот мост бил затворен за сите возила со лесни приколки поради силниот ветер, соопштија данските власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ