понеделник, 28 октомври 2024

Стружани ја чистеле нивата и предизвикале пожар во близина на Охридскиот аеродром

Вчера попладне во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во близина на аеродромот во Охрид. Полициски службеници излегле на местото на настанот каде претходно биле две лица во близина на патничко возило тојота кои потоа веднаш се дале во бегство со друго возило, информираа денеска од СВР Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

„Од страна на Територијалната противпожарна единица-Охрид пожарот бил изгаснат, а пристигнал и Р.Р. од Струга, кој кажал дека нивата била негова сопственост и дека со негови роднини вршеле средување на нивата, а пожарот настанал поради негово невнимание односно додека извршувале работи, истиот фрлил неизгаснат отпушок од цигара од што настанал пожарот кој не успеале да го стават под контрола. На местото на настанот пронајдено е и патничкото возило тојота и две канти со бензин. Во полициска станица повикан е Р.Р а известен е Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од СВР Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ