сабота, 27 јули 2024

Струмички Комуналец селективно ги наплаќал парите што му ги должеле, констатира ДЗР

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законите, упатствата и воспоставени политики на Јавното претпријатие Комуналец Струмица за 2022 година, соопштија денеска од ДЗР.

Објавено на

часот

Сподели

Државниот завод за ревизија (ДЗР) констатирал дека основната главнина на претпријатието не е запишана како основачки влог во трговскиот регистар при Централниот регистар и истата е сметководствено евидентирана врз основа на нецелосна документација.

„За дел од инфраструктурните и градежните објекти не е регулирано правото на сопственост, а пописот на средствата и обврските не е целосно и правилно извршен. Комуналец ненавремено и селективно преземало мерки за наплата на побарувањата, неправилно ги утврдувал приходите по основ на изнајмување на простор. Констатирани се и неправилности во начинот на пресметка и исплата на платите и надоместоците за работната успешност, доделени се средства за донации и спонзорства без утврдени критериуми и склучени договори со корисниците, а реализирале и рамковните спогодби без потпишување на поединечни договори и не спровеле постапки за јавни набавки“, пишува во Извештајот на ДЗР.

За надминување на констатираните состојби ДЗР издал препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

„Во делот на нагласување за прашања за неизвесност и континуитет, ревизијата обелоденува за искажаните обврски на јавното претпријатие на крајот на 2022 година кон Водостопанство во износ од 43.546 илјади денари и спрема Буџетот во износ од 11.105 илјади денари за надоместок за користење и испуштање на води“, констатирал ДЗР.

ДЗР извршил и ревизија на финансиските извештаи на Комуналец Струмица за 2003 година при што изразил резрвирано мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законите и прописите.  Спроведување на препораките презентирани во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2003 година, не биле предмет на оваа ревизија, затоа што, како што се наведува во Извештајот, од последната ревизија е изминат подолг временски период и настанати се промени во законската регулатива со која е уредено работењето на ова јавно претпријатие.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ