„Во домот на родителите на жртвата осомничениот отишол за да го земе на видување нивното шестмесечно бебе, но започнал да и се заканува на жената, а потоа и физички ја нападнал и почнал да ја дави за вратот. Таа претходно повеќе пати го пријавувала за семејно насилство, а против него во тек е и судска постапка за неизвршување на судска одлука“, се наведува во соопштението.
Поради ризикот да го повтори делото или да се даде во бегство, особено со оглед на тоа што членови на неговото потесно семејство живеат во странство, од Јавното обвинителство наведуваат дека јавниот обвинител оценил дека се исполнети законските услови и поднесол предлог за определување мерка притвор до судија на претходна постапка.