четврток, 24 октомври 2024

Струмица и Карпош заминуваат од ЗЕЛС

Општина Струмица и скопската општина Карпош ќе ја напуштат Заедницата на единцата на локална самоуправа (ЗЕЛС). Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вели ЗЕЛС не заслужува градот со кој раководи тој да партиципира во оваа Заедница. Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски пак, синоќа најави дека ќе му се придружи на Костадинов.

Објавено на

часот

Сподели

Излегувањето од ЗЕЛС градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов го најави во објава на фејсбук каде наведе дека ќе подготви и официјален допис до ЗЕЛС. Причина за ваквата негова одлука е, како што напиша тој, е притисокот што централната власт го врши врз Институтот за јавно здравје и министерот за земоделство за проблемот за водата за пиење што во Струмица се провелува веќе повеќе од еден месец.

„Борбата против Струмица продолжува, чекаа, калкулираа и денес преку медиуми се научивме дека не ни даваат решение за водата. Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата е исправна и хемиско физичкиот состав и микробиолошки. Решивте на грбот на народот да правите политика, скапо ќе плати некој за оваа фашистичка операција врз Струмица и струмичани. Наскоро вистината и за водата но и за сите притисоци, врз инспектори, врз вработени во ИЈЗ само да не се кажуваат јавно резултатите оти истите не се во прилог на политиката на Цветан Трипуновски“, во вчерашната објава.

Претходно, во објава на фејсбук, Костадинов напиша дека одговорно тврди дека водата во Струмица е исправна и посочи дека се врши притисок од страна на министерот за земјоделство врз инспектори и вработени во Институтот за јавно здравје за да не ги кажуваат јавно резултатите.

„ЗЕЛС не ја заслужува партиципацијата на Струмица. Го напуштаме ЗЕЛС, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е.
Филозофија без прагма, штета за која ја плаќаат граѓаните! Ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права, за уставните права и слободи. За мојата Струмица, компромиси немало, нема и нема да има! Нека ви е со среќа“, напиша Костадинов.

И градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вчеравечер во гостување во поткаст најави дека ќе го напушти ЗЕЛС.

„И јас ќе се придружам на Општина Струмица. И така одамна се спремам да ја напуштиме ЗЕЛС. Нека си прават таму партиска забава“, изјави Јакимовски.

Посочи дека истото треба да го направи и градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, оти градот е главен финасиер на ЗЕЛС, а за возврат не добива ништо.

Освен кривичната пријава што Јакимовски ја доби неодамна од актуелната власт, деновиве тој е во отворена „војна“ со министерката за образование и наука околу проблемот со немањето парно греење во повеќе училишта во Карпош.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ