понеделник, 13 мај 2024

Струга загуби, Шкупи искористи и се израмни на врвот

Струга на свој терен загуби од Силекс со 3-2, Шкупи со истиот резултат славеше над Тиквеш и бодовно се изедначи со актуелниот шампион, Шкендија со убедливи 4-1 славеше над Гостивар и се врати во игра за титулата.

Објавено на

часот

Сподели

Силекс и зададе удар на Струга во битката за одбрана на титулата откако ја совлада на нејзин терен со 3-2.

Струга одлично го почна мечот, со голови на Ибраими и Радески имаше предност од 2-0. Игњатов даде гол за Силекс за 2-1, со тој резултат се замина на одморот.

Рано во второто полувреме Игњатов даде уште еден гол за 2-2, а брзо после него поведе и Каланоски за водство на Силекс од 3-2. Имаше уште многу да се игра, но Струга не успеа со нов гол да се спаси барем од пораз.

Шкупи со два гола во финишот дојде до победа од 3-2 против Тиквеш и освои три големи бода со кои се израмни бодовно со Струга на врвот.

Воша во 39. минута донесе водство за Шкупи од 1-0, но во вториот дел со два погодоци на Спахиу Тиквеш го сврте резултатот и поведе со 2-1.

Сепак Аворнио се покажа како џокер од клупата за Шкупи, во игра влезе во 86. минута и веднаш даде гол за израмнување на 2-2, а во 97. минута погоди и Дуду за победа од 3-2.

Шкендија со убедливи 4-1 беше подобра од Гостивар. Шала даде два гола во првото полувреме, по еднаш погодија адеми и Чинари во вториот дел, почесниот погоодок за Гостивар беше дело на Кехинде.

Вардар со 2-0 загуби на гостувањето кај Брера. Цветаноски и Ивковиќ беа стрелци на головите за струмичкиот тим.

Работнички и Македонија Ѓорче Петров одиграа нерешено 1-1. Гостите поведоа во финишот од првиот дел со гол на Ларсон, Билали изедначи во второто полувреме.

Најубедлива денеска беше Воска која со 4-0 ја совлада Брегалница. Јашароски даде два гола, по еднаш погодија Георгиев и Марушиќ.

Резултати 29. коло:
Брера – Вардар 2-0
Работнички – Македонија ЃП 1-1
Шкендија – Гостивар 4-1
Шкупи – Тиквеш 3-2
Струга – Силекс 2-3
Воска – Брегалница 4-0

Табела: Струга 58, Шкупи 58, Шкендија 55, Силекс 41, Тиквеш 39, Брера 37, Гостивар 37, Работнички 35, Воска 34, Вардар 29, Македонија ЃП 26, Брегалница 26

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ