петок, 18 октомври 2024

Струга уште еднаш загуби од Слован и ги заврши квалификациите за ЛШ

На стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, Струга доживеа пораз од 2-1 од Слован Братислава и со вкупни 6-3 е елиминирана од квалификациите за Лигата на шампионите. Но, ова не е крај во Европа за нив, продолжуваат во квалификациите од Конференциската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Слован Братислава со предност од 4-2 обезбедена во Словачка го почна денешниот реванш натпревар. Струга се надеваше дека може да направи нешто повеќе, но работите тргнаа на лошо уште на стартот од натпреварот.

По само девет минути игра Вајс даде гол за водство на Слован од 1-0.

Во 34. минута Кире Ристевски си постигна автогол за предност на словачкиот тим и од 2-0.

Тој резултат беше актуелен се до 85. минута кога Компаоре постигна почесен гол за Струга за конечни 2-1 за Слован.

Струга сега се префрла во квалификациите од Конференциската лига каде ќе игра против Пјуник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ