сабота, 27 јули 2024
ПМФЛ

Струга Трим Лум е нов шампион на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Струга Трим Лум со 3-0 го совлада Силекс денеска, а Шкупи со 2-1 го доби дербито со Шкендија, тоа значеше дека првенството е решено и титулата оди кај стружани.

Струга имаше брилијантен старт на сезоната со девет победи од девет меча, тогаш водени од Срѓан Захариевски испишаа историја, во завршницата направија тренерска смена, го донесоа Шпетим Дуро и со него се крунисани за шампиони.

ПРВА ЛИГА, 31. КОЛО (17 ЧАСОТ)

Македонија ЃП – Победа 7-0 (4-0)

Воша 4, 26, 64, Мишевски 34, 40, Алексовски 73, Басит 90

Академија Пандев – Тиквеш 1-4 (0-1)

Велиновски 55 – Дончев 45, Спахиу 51, Мишов 72, 86

Работнички – Брегалница 5-4 (3-2)

Рушевиќ 30, 67, Мисердовски 34, Гандо 39, Мазари 52 – Додев 14, Андонов 20, Ѓорѓиев 63, Николов 75

Струга ТЛ – Силекс 3-0 (1-0)

Ибраими 42, Шабани 48, 78

Шкупи – Шкендија 2-1 (1-1)

Адетунџи 28, Илиевски 77 – Чинари 17

Слободен е Скопје

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 62, Шкупи 55, Шкендија 54, Силекс 44, Македонија ЃП 39, Брегалница 37, Работнички 37, Тиквеш 34, А. Пандев 26, Скопје 22, Победа 13.

ИДНО КОЛО (10 МАЈ): Брегалница – А. Пандев, Шкендија – Струга ТЛ, Шкупи – Македонија ЃП, Силекс – Работнички, Тиквеш – Скопје. Слободна е Победа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ