понеделник, 21 октомври 2024

Струга ТЛ во Скопје ќе го пречека Есперанж

Објавено на

часот

Сподели

Струга информира дека мечот против Есперанж во рамките на третото квалификациско коло од Конференциската лига, ќе го игра во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“.

За мечеви од ова ниво, стадионот „Бијланини извори“ во Охрид не ги исполнува условите, па Струга мора да игра во Скопје, бидејќи градскиот стадион во нашиот главен град е единствениот на кој може да се одигра мечот.

Натпреварот се игра на 10. август (четврток) со почеток од 19 часот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ