сабота, 19 октомври 2024

Струга ја загуби првата пресметка со Брејдаблик, во Исланд мора да оди на победа (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Патот на Струга до групната фаза во Конференциската лига изгледаше идеално за да се пласираат таму, но денеска Стружани потфрлија.

Клучниот момент од мечот се случи во 35. минута кога Гунлаугсон имаше еден фантастичен пробив и прекрасен гол за водство на Брејдаблик од 1-0 кое на крајот се покажа и како конечен резултат.

Натпреварот можеше да има поинаков тек, бидејќи пред да биде постигнат голот Ибраими погоди во дирекот, а ВАР му поништи гол на Бунјамин Шабани поради фаул врз противничкиот голман.

Струга притискаше во второто полувреме за макар да останат непоразени, но топката не сакаше да влезе во голот на исландскиот тим, а шанси имаше.

На реваншот во Исланд следниот четврток Струга нема друга опција освен да оди на победа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ