сабота, 19 октомври 2024
Лига на шампиони квалификации

Струга ја оствари целта, одигра реми на гостувањето кај Жалгирис

Објавено на

часот

Сподели

Струга Трим Лум се покажа како рамноправен противник на Жалгирис и сосема заслужено со реми се враќа од Литванија.

Момците на Шпетим Дуро одиграа организирано, одлично се бранеа, а повеќе пати беа опасни и од контра напади. Во финишот Кочоски пропушти одлична шанса да донесе и победа.

На голот Струга го имаше расположениот Ќосевски кој спречи неколку можности на домаќини и ја сочува мрежата незатресена.

Реваншот се игра на 18. јули, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ