Попладнево беше извршена ждрепката за второто коло од квалификациите во Лигата на шампиони, а Струга го доби најтешкиот противник.
Победа во домечот со Жалгирис носи пресметка со големата Галатасарај.
Првите натпревари од второто коло се на програмата на 25/26 јули, а реваншите се една седмица подоцна на 1/2 август.
Доколку Струга загуби од Жалгирис, шампионот на Македонија ќе продолжи во второто коло во Конференциска лига.