сабота, 27 јули 2024

Струга, Дебар и Маврово и Ростуше се приклучија на „Генералка викенд 2024″

Вработените во Општина Струга заедно со градоначалникот Рамис Мерко, ученици од основните и средните училишта во градот и други граѓани денеска се вклучија во чистење на повеќе локации долж струшкото крајбрежје во рамките на акцијата „Генералка викенд“. Во еколошката акција која се реализира во државава, се вклучија и општините Дебар и Маврово и Ростуше.

 

Објавено на

часот

Сподели

Изразувајќи задоволство што е дел од еколошката акција, Мерко ги повика стружани заеднички да ја чуваат околината и да обезбедат чиста и здрава животна средина за себе и идните поколенија.

„Нашиот град се познава по убавата природа, чистиот воздух и животната средина, но ова не значи дека ние и понатаму не треба да вложуваме и да се трудиме за подобра иднина. Покревање на свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина е многу битно, затоа сум сигурен дека оваа акција освен што ќе придонесе на чистење на крајбрежјето во Струга, ќе пренесе до стружани, но и пошироко дека ние сами треба да ја чуваме околината и да обезбедуваме чиста и здрава животна средина“, рече Мерко.

Поддршка во реализација на оваа акција дадоа од „Човекот и планината“ кои ја потенцираа ургентноста од делување и значењето, кое го имаат овие акции за чистење на животната средина, но и за јакнење на свеста за одговорноста на секој поединец. Акцијата е поддржана и од министерствоата за земјоделство, шумарство и водостопанство и за животна средина и просторно планирање.

Во еколошката акција ,,Генералка викенд 2024″ која се реализира во државава, се вклучија и општините Дебар и Маврово и Ростуше.

„Чистата животна средина е наш приоритет. Во денешната акција беше вклучена општинската администрација, ученици, граѓани, секако поддржани и од Јавното комунално претпријатие ‘Стандард’ кое помогна во транспорт на собраниот отпад“, рече Хекуран Дука, градоначалникот на Дебар.

Се чистеше и селектираше отпад во паркот во населбата “Венец1”, училишните дворови, но и други делови во градот.

„Целта на оваа најголема национална акција за чистење и селектирање отпад е подигање на нивото на еколошката свест. Ние како локална власт во соработка со граѓанскиот сектор редовно спроведуваме вакви акции“, рече Дука, упатувајќи апел до граѓаните за поголема грижа за чиста животната средина.

Ваква акција на повеќе локации беше реализирана и во општина Маврово и Ростуше, каде покрај другото,  ученици од отпад ги чистеа и селските улици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ