сабота, 27 јули 2024

Страшен судар на Перез на стартот од трката во Монте Карло (ВИДЕО)

Формула 1 трката во Монте Карло донесе страшен судар на Чеко Перез уште во првиот круг, за среќа Мексиканецот помина без повреди.

Објавено на

часот

Сподели

Хаотичен старт на трката во Монте Карло, во серија инциденти, најлошо помина Чеко Перез.

По еден контакт со Магнусен, болидот на Мексиканецот неколку пати се одби од заштитната ограда и доживеа големи оштетувања. Сликите беа застрашувачки, но за среќа возачот на Ред Бул помина без повреди.

Карлос Саинц исто така имаше контакт со Пиастри, му се дупна гумата, па не можеше да го контролира болидот, но се снајде и успеа да се запре на време на место каде што имаше простор за грешка.

Најчуден беше инцидентот помеѓу тимските колеги Гасли и Окон, кои се судрија на влезот од тунелот, едниот од болидите на Алпин леташе со сите четири тркала во воздух.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ