сабота, 27 јули 2024
Во Македонија немили сцени се случуваат дури и на натпревари од детските лиги

Страшен инцидент пред детски очи: судија претепан и префрлен во болница на меч од детска лига!

Објавено на

часот

Сподели

Во Македонија и тоа се случува, сериозни инциденти на детски спортски натпревари. Овојпат подебелиот крај го извлече судијата Горан Милошевски, кој бил претепан од родител и членови на стручниот штаб на Шкендија.

Судијата Милошевски бил пренесен во болница, а извесно време се чекало некој да го замени за натпреварите да продолжат.

Според очевидец, на почетокот од турнирот немало полиција, таа пристигнала откако премиерот Ковачевски дошол да го гледа својот малолетен син.

„На завршниот турнир на детската лига на комплексот на ФФМ Петар Милошевски беше нападнат судијата од страна на родител на деца од тимот на ФК Шкендија и дел од тренерите на овој тим. На судијата му беа нанесени тешки телесни повреди, по што се доведе до прашање доигрувањето на другите екипи бидејќи судијата не можеше да суди, па беше заменет од делегат од ФФМ. Страшно е тоа што децата од противничкиот тим видно исплашени бегаа од теренот. Полицијата дојде дури 30 минути подоцна“, изјави за МКД.мк родител, очевидец на настанот.

Инцидентите на натпреварите од детските лиги во сите спортови зачестија. ФФМ денеска на генералното собрание се пофали дека фудбалот во Македонија функционира беспрекорно, а реалноста е дека немили сцени се случуваат дури и на натпреварите од детските лиги. 
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ