сабота, 21 декември 2024

Странските студенти со македонско потекло можат да ја продолжат стипендијата до 15 октомври

Корисниците на стипендии на странски државјани кои се од интерес за Македонија (студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров), а кои правото на студентска стипендија го оствариле во некоја од изминатите академски години, правото на стипендија во академската 2024/2025 година можат да го продолжат од 1 до 15 октомври 2024 година.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Според известувањето на МОН, корисникот на стипендија треба да достави до Министерството за образование и наука, потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити, уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и индекс (копија) од прв запишан семестар до последен заверен семестар.

За сите дополнителни информации или прашања студентите може да се обратат на електронската адреса [email protected]

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ