„Создаваме еден вид на конкурентност. Навистина станува збор за моќни држави, во топ пет држави, една, не е тајна дека е Франција. Јас тоа го зборував со претседателот Макрон на таа билатерална средба и нормално тие што ќе дадат најдобри услови, тие ќе ги прифатиме. Тоа е пракса да се потпишуваат Влада со Влада договори и јас мислам, не мислам, сигурен сум дека ќе биде дел од Клиничката болница во Штип и болницата во Кичево, а потоа продолжуваме и со другите реформи во здравство“, изјави Мицкоски.
На новинарско прашање за растот на издадени градежни дозволи за станбени згради и дали станува збор дополнителен подем на градежништвото, премиерот Мицкоски одговори дека претпоставува оти има побарувачка, а кога има побарувачка, мора да се одговори на пазарот. Забележа дека тоа е добро и го радува, бидејќи градежништвото е една од позначајните гранки, која влијае позитивно на економијата и во зголемувањето на бруто домашниот производ (БДП).