петок, 25 октомври 2024

Странец од Бангладеш што работел на автопатот Охрид-Кичево си ги зел документите и исчезнал

Во четвртокот во 9 часот во полициската станица Струга било пријавено дека Н.У. (33) од Бангладеш се оддалечил од домот каде што привремено престојувал во Струга.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, тој не се појавил ни на работното место на автопатот во изградба Охрид-Кичево, каде што извршувал градежни работи за градежна фирма од Струга, а со себе ги зел и личните документи.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ