петок, 26 јули 2024

Странци во менувачница во скопската чаршија украле 25.000 евра

Вчера Х.М. (34) од Скопје пријавил дека околу 15 часот во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од двајца странски државјани.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, откако се договориле во менувачницата да сменат пари за 25.000 евра, лицата дошле со чанта со договорената сума на пари во денари, при што еден од нив ја заменил чантата со денари со друга иста чанта, која во долниот дел била полна со хартиени ливчиња. Како што пријавил Х.М., тој им ги дал еврата без да ја провери чантата, а откако заминале сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ