сабота, 27 јули 2024

СТП Капитал: Немаме никакво писмо од власта за изградба на филмскиот град

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму велат дека тие требало да добијат статус на стратешки инвеститор, а нивните планови биле поврзани како со филмската индустрија, така и со отворање на академија за филм и хотелски сместувања, како што велат, на филмски ѕвезди според стандардите на кои тие се навикнати.

Владата до ден денес, а ниту Дирекцијата за ТИРЗ, никогаш не доставила понуда за градба на филмските студија како што наведува директорот Деспотовски, ниту пак е добиена каква било писмена комуникација со која се дискутира статусот, или изградбата на овој проект. Имено, СТП КПХС сѐ уште , и по 14 месеци од доставеното барање, чека некаков одговор од Владата, велат во реакцијата од СТП капитал партнерс холдингс на изјавите на Деспотовски.

Деспотовски најави дека наскоро во јавноста ќе ги објави сите детали за овој случај.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ