сабота, 27 јули 2024

Стотици луѓе останаа затрупани под земја во Папуа Нова Гвинеја (ВИДЕО)

Службите за итни случаи се обидуваат да стигнат до селата погодени од масовно лизгање на земјиштето во изолираната провинција Енга во Папуа Нова Гвинеја, каде се стравува дека загинале стотици, веројатно и илјадници луѓе.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тим за интервенција составен од медицински и воен персонал успеа да стигне до изолираното место на одронот, објави хуманитарната агенција Кер Австралија, пренесува денеска Би-би-си.

Но, тешкиот терен и оштетувањето на главните патишта ги отежнуваат спасувачките напори, пристапот на автопатот е блокиран, а до областа може да се пристапи само со хеликоптер.

Свлечиштето затрупа стотици домови во планините Енга, на север од островската држава во југозападниот Пацифик. Засега не се знае колку луѓе останале затрупани под урнатините во свлечиштето.

Агенцијата Кер Автралија соопшти дека 60 домови се уништени и „сите членови на тие домаќинства моментално се водат како исчезнати“.

Речиси 4.000 луѓе живеат во областа каде што се случи лизгањето на земјиштето.

Но, агенцијата предупредува дека бројот на засегнати луѓе „веројатно ќе биде поголем“ поради напливот на луѓе кои бегаат од конфликтот во соседните области.

Се додава дека и други села би можеле да бидат загрозени „ако земјата продолжи да се лизга по планината“.

Амос Акем, член на парламентот за провинцијата Енга, изјави за весникот Гардијан дека врз основа на извештаите од теренот, „повеќе од 300 луѓе и 1.182 куќи биле затрупани во свлечиштето“.

Официјалниот претставник на ОН, Серхан Актопрак, изјави за новинската агенција АП дека областа била зафатена од лизгање на земјиштето со големина од три до четири фудбалски игралишта.

Некои куќи во селото беа поштедени, рече Актопрак, но „со оглед на размерите на катастрофата“, бројот на загинати може да биде повеќе од 100 лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ