недела, 19 мај 2024

Стотици евакуирани по ерупцијата на вулканот Руанг во Индонезија (ВИДЕО)

Најмалку 800 луѓе се евакуирани во индонезиската провинција Северен Сулавеси по повеќекратните ерупции на тамошниот вулкан Руанг, кој со денови исфрла лава и облаци од пепел, соопшти денеска државната вулканолошка агенција.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Вулканот, кој се наоѓа на островот Руанг, на околу 100 километри од главниот град на провинцијата Манадо, еруптираше повеќе од три пати од вторникот. Властите го подигнаа нивото на тревога на второто највисоко ниво по зголемената активност, рече Херунингтјас Деси Пурнамасари, службеничка во Центарот за вулканологија и ублажување на геолошките опасности во Индонезија (ПВМБГ).

Ерупцијата на Руанг беше предизвикана од неодамнешните земјотреси на островот, при што планината исфрли опасни и „експлозивни врели облаци“ високи до 1,8 километри на небото, рече таа. „Мораме да го евакуираме островот бидејќи предвидуваме дека може да има уште ерупции. Никаква активност не е дозволена на четири километри од кратерот“, рече таа.

Снимката покажува црвена лава како тече по планината и облаци од сива пепел над кратерот. Островот Руанг е дом на околу 838 жители, од кои повеќето сега се евакуирани на најблискиот остров Тагуландан, рече Херунингтјас.

Индонезија се наоѓа на таканаречениот Пацифички огнен прстен, област со висока сеизмичка активност кој се наоѓа над повеќе тектонски плочи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ