сабота, 27 јули 2024

Стопиран новиот закон според кој Тексас смее да ги апси нелегалните мигранти

Американскиот сојузен апелациски суд го замрзна контроверзниот закон за имиграција на Тексас, еден од најстрогите закони кои во денешно време го донела некоја американска држава, јавува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката била донесена само неколку часа откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави го одобри стапувањето на законот СБ4 на сила.

Законот СБ4, кој владата на претседателот Џо Бајден го нарече неуставен би им овозможил на локалната и државната полиција апсења и кривичен прогон на осомничените за нелегално преминување на мексиканската граница.

Мексико соопшти дека одбива да ги прифати мигрантите кои Тексас ги депортира според новиот закон.

Одлуката на тричлениот судски совет на апелацискиот суд во Њу Орлеанс за Петтиот округ да го замрзне законот е последната во низата пресуди за судбината на законот СБ4.

Ако законот повторно стапи на сила, тоа би значело значителна промена во управувањето си имиграцијата бидејќи судовите до неодамна пресудуваа дека само сојузната влада може да спроведува имиграциски закони, а не одделните сојузни држави.

Нелегалното преминување на американската граница и сега е сојузно кривично дело, но имиграциските судови тие кршења главно ги третираат како граѓански парници, а не кривични.

СБ4 им дава на локалните и државните полициски службеници овластување да ги сопрат и уапсат лицата за кои се сомневаат дека границата ја преминале незаконски, освен во училиштата, здравствените установи или религиските простори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ