сабота, 21 декември 2024

Стоп на политичкиот прогон, барање за повторување на судската постапка за 27 април

Членови на проектот Стоп на политичкиот прогон денеска ќе одржат конференција за медиуми на која ќе бидат прикажани снимки од судењето за 27 април од кои се гледа дека „браќата не се терористи, туку сосема спротивно. Јавно ќе ги утврдиме фактите кои потоа ќе ги разгледаат и судски вештаци. Овие снимки, заедно со вештачењето ќе бидат дел од доказите и документацијата на барањето за повторување на судската постапка и основ за целосно ослободителни пресуди“.

Објавено на

часот

Сподели

„Целта на проектот Стоп на политичкиот прогон е слобода за браќата од 27 април, а и на сите други жртви на политичкиот прогон од претходната власт“, се вели во соопштението на ова здружение во кое членуваат и Мане Јаковлевски, Вангел Божиноски, Полицискиот синдикат, Страшо Ангеловски и МААК, ректорот на Универзитетот Скопје – Аце Миленковски, претставници на Здружението на пензионери, Тодор Петров и СМК, здружението Македонски аманет, Бил Николов од Канада и МХРМИ, Ицо Најдоски Перин од Австралија…

Конференцијата за медиуми ќе се одржи во Универзитетот Скопје во 13,30 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ