Според Ферах Хамид, стоматолог со 20 годишно искуство, многу луѓе прават вообичаени грешки што доведуваат до губење на сјајот и појава на жолти дамки на забите.
Ако вашата цел е посветла насмевка, клучно е да обрнете внимание на неколку секојдневни навики.
Храната и пијалаците со висока содржина на киселини, како што се агрумите и газираните пијалаци, привремено ја ослабуваат забната глеѓ. Ако ги исчеткате веднаш потоа, само дополнително ја оштетувате глеѓта. Почекајте најмалку 30 минути пред да ги измиете забите, пренесува Дејли експрес.
Доктор Хамид предупредува дека е важно да се намокри четката пред да се нанесе пастата, но не и потоа. Влажната четка помага за понежно миење и ја намалува можноста за оштетување на непцата.
Чистењето на јазикот е исто толку важно како и четкањето на забите. Јазикот собира бактерии кои можат да предизвикаат лош здив и да придонесат за промена на бојата на забите.
Темелното миење трае најмалку две минути, два пати на ден. Запомнете дека агресивното четкање може да ги оштети непцата, затоа изберете четка со меки влакна.
Иако постојат многу домашни трикови за избелување на забите, ништо не може да ја замени редовната посета на стоматолог. Професионалното чистење го отстранува насобраниот забен камен и дамки, што ја задржува природната белина на забите подолго.
Малите промени во рутината можат да донесат големи резултати. Правилната нега на забите не само што придонесува за поубава насмевка, туку и за здравјето на целата усна шуплина.