сабота, 27 јули 2024

Столтенберг во Украина: Не го исполнивме ветеното, оружјето ќе стигне

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кажа денес, за време на ненајавената посета на Украина, дека земјите членки на западниот воен пакт во последните месеци не ги исполниле ветувањата за воена помош на Киев, но вети дека испораките на оружје и муниција сега ќе се зголемат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе бидам многу искрен и кон претседателот (на Украина Володимир) Зеленски и кон парламентот и ќе кажам дека НАТО сојузниците во последните месеци не го испорачаа она што го ветивме. САД потрошија шест месеци за да го договорат пакетот, а европските сојузници не ја испорачаа муницијата која ја ветивме. Но сега сум уверен дека нештата ќе се сменат“, кажа тој во возот со кој допатува во Киев.

Кажа и дека очекува и други „нови обврски“.

„Тоа ќе направи разлика – како што недостигот од поддршка направи разлика“, кажа тој, алудирајќи на украинските неуспеси на бојното поле, пренесува Ројтерс.

Оцени дека „Русите платиле висока цена за маргинална територијална добивка“ и оцени дека „Украина сè уште може да ја сврти ситуацијата“.

„Сè уште не е доцна Украина да превладее и затоа е толку итно НАТО сојузниците сега да го направат тоа што го ветивме и тие обврски да ги претвориме во реални испораки на оружје и муниција“, порача тој.

Ова е трета посета на Столтенберг на Киев од почетокот на конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ