вторник, 28 мај 2024

Столтенберг: Украина сè уште може да победи во војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина сè уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што му беше ветена од Алијансата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што ѝ го ветија и она на што се обврзаа за Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев индипендент.

„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.

Повеќемесечното одложување на американската помош доведе до влошување на ситуацијата на фронтот за Украина, а градовите низ земјата се изложени на напади на руски дронови и ракети поради недостаток на воздушна одбрана, пишува Киев индипендент.

Американскиот Конгрес оваа недела усвои закон со кој се одобрува пакет помош за Украина, а европските земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, Данска и Холандија, исто така неодамна ветија дека ќе испратат воена помош за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ