сабота, 27 јули 2024

Столтенберг: „Сојузот на авторитарни сили“ сè повеќе соработува против Западот

Лидерот на НАТО во „сојузот на авторитарни сили“ги вклучи Русија, Иран, Кина и Северна Кореја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека „сојузот на авторитарните сили“, во кој, според него, се Русија, Иран, Кина и Северна Кореја, сè поблиску соработува против западните демократии.

Тој оцени дека соработката на „сојузот“ сѐ повеќе се координира, а како пример го наведе фактот што Русија им давала технологија на Иран и Северна Кореја во замена за муниција и воена опрема.

„Кина ја поддржува руската воена економија, снабдувајќи ги клучните делови потребни за одбранбената индустрија, додека Москва, пак, својата иднина ја става под хипотека на Пекинг“, рече Столтенберг во интервју за Би-би-си.

Тој додаде дека НАТО мора сѐ повеќе да работи со партнерските земји, како што се Јапонија и Јужна Кореја, за да му се спротивстави на „сојузот на авторитарни сили“.

Зборувајќи за воената ситуација во Украина, тој изрази надеж дека членките на НАТО ќе се договорат за долгорочна спогодба за финансирање на Украина до јули, додавајќи дека долгорочната поддршка е од витално значење.

„Дури и ако веруваме и се надеваме дека војната ќе заврши во блиска иднина, мора да ја поддржуваме Украина многу години, да ја изградиме нивната одбрана за да ја одвратиме идната агресија“, рече Столтенберг.

Тој, исто така, посочи дека и Киев ќе мора да направи одредени отстапки.

„На крајот на краиштата, Украина мора да биде таа што ќе одлучи какви компромиси е спремна да направи, ние мора да им овозможиме да бидат во позиција навистина да постигнат прифатлив резултат на преговарачката маса“, рече челникот на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ