сабота, 27 јули 2024

Столтенберг: Сојузниците се согласни Украина да стане членка на НАТО

Објавено на

часот

Сподели

„Сите сојузници се сложуваат дека Москва нема вето на проширувањето на НАТО. Напредуваме, сојузниците се согласни дека Украина ќе стане членка“, им кажа Столтенберг на новинарите пред неформалната средба на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло.

Тој соопшти дека планира наскоро да отпатува во Турција на разговори за членството на Шведска во Алијансата.

„Разговарав со претседателот Реџеп Таип Ердоган претходно неделава, исто така ќе отпатувам во Анкара во блиска иднина да продолжам да разговарам за тоа како можеме да обезбедиме најбрз можен прием на Шведска“, кажа шефот на западниот воен пакт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ