вторник, 10 декември 2024

Столтенберг: Русија, Иран, Кина и Северна Кореја соработуваат, Украина можеби ќе мора да направи компромис

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека „сојузот на авторитарни сили“, во кој, според него, се Русија, Иран, Кина и Северна Кореја, сè поблиску соработува против западните демократии.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тој оцени дека соработката на „алијансата“ се повеќе се усогласува, наведувајќи го како пример фактот што Русија им дала технологија на Иран и Северна Кореја во замена за муниција и воена опрема.

„Кина ја поддржува руската воена економија, снабдувајќи ги клучните делови потребни за одбранбената индустрија, додека Москва за возврат ја дава својата иднина под хипотека на Пекинг“, рече Столтенберг во интервју за Би-би-си.

Тој додаде дека НАТО мора се повеќе и повеќе да работи со партнерските земји, како што се Јапонија и Јужна Кореја, за да се спротивстави на „сојузот на авторитарни сили“.

Зборувајќи за воената ситуација во Украина, тој изрази надеж дека членките на НАТО ќе се договорат за долгорочен договор за финансирање на Украина до јули, додавајќи дека долгорочната поддршка е од витално значење.

„Дури и ако веруваме и се надеваме дека војната ќе заврши во блиска иднина, мораме да ја поддржуваме Украина многу години, да ја изградиме нивната одбрана за да ја одвратиме идната агресија“, рече Столтенберг, но тој исто така сугерираше дека и Киев ќе мора да направи одредени отстапки.

„На крајот на денот, Украина мора да биде таа што ќе одлучи какви компромиси е подготвена да направи, ние мора да им овозможиме да бидат во позиција навистина да постигнат прифатлив резултат на преговарачката маса“, рече секретарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ