петок, 20 септември 2024

Столтенберг од Муцунски доби македонско признание за заслуги за НАТО

Во пресрет на неговото заминување од функцијата, остварив средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, при што му изразив лична благодарност за неговиот извонреден придонес во евроатлантската безбедност, врачувајќи му плакета за постигнатите успеси, oбјави на Фејсбук министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски по неговата средба со Столтенберг.

Објавено на

часот

Сподели

„Го истакнав неговото водство во турбулентните години, со кое значително ја зајакна и модернизира Алијансата, правејќи ја покредибилна и поподготвена за зачувување на мирот и стабилноста. Воедно, ја нагласив важната поддршка за нашето членство и личните напори што ги вложи за промовирање на мирот во Западен Балкан, како и посветеноста кон политиката на отворени врати на НАТО, која е клучна за регионалната стабилност“, вели Муцунски во објавата.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ