„Денес ја посетив Германија и летав со тим на Германското воено воздухопловство во „јурофајтер“ авион, сведочејќи од прва рака како германската авијација помага во заштитата на НАТО воздушниот простор, вклучувајќи го и Балтичко Море, напиша Столтенберг на социјалната мрежа Икс.
Today I visited #Germany & flew with @Team_Luftwaffe in a #eurofighter jet, witnessing firsthand how the German air force helps to protect #NATO airspace, incl. over the Baltic Sea. We also met the Swedish #jasgripen for air-to-air refuelling. #WeAreNATO pic.twitter.com/6hq1wHuRzK
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) April 26, 2024
Столтенберг денес во главниот град на Германија се сретна со канцеларот Олаф Шолц, како и со пратениците од одборот за надворешни работи и одбрана на Бундестагот.