сабота, 27 јули 2024

Столтенберг: Нема непосредна воена закана од Русија за земјите од НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес во Стокхолм изјави дека „нема непосредна воена закана“ од Русија за земјите од НАТО, откако Кремљ ги обвини западните земји дека сакаат заострување на тензиите во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сè додека не оставаме простор за недоразбирања или погрешни проценки во Москва или во другите главни градови на земјите кои потенцијално би можеле да нè нападнат, нема воена закана за државите на НАТО“, кажа Столтенберг на прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон.

На прашањето за можноста Русија да ја тестира посветеноста на земјите од НАТО да ја бранат која било друга членка во случај на напад според Членот 5 од договорот на Северноатлантската алијанса, Столтенберг одговори дека не постои никаква непосредна воена закана против земјите од НАТО.

„Затоа, не веруваме дека нашиот Член 5 ќе биде тестиран“, кажа генералниот секретар на НАТО.

Кремљ неодамна го критикуваше западниот воен пакт поради иницирање „нов циклус на заострување“ по одлуката на САД да ѝ дозволат на Украина да напаѓа мети во Русија во одбрана на градот Харков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ