четврток, 19 септември 2024

Столтенберг: Нема мир додека Украина не стане членка на НАТО

НАТО нема да стане учесник во конфликтот во Украина, ако земјите на западниот воен пакт му дозволат на Киев да изведува напади на територијата на Русија со западно оружје, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во интервју за неделникот Форин полиси.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според него, Киев има право да гаѓа легитимни цели на територијата на Русија, но одлуката е на земјите кои го испорачуваат оружјето.

Шефот на НАТО во заминување оцени дека во Украина нема да има долгорочен мир, додека Киев не стане дел од НАТО.

Сепак, тој потврди дека земјите од воениот пакт сè уште немаат консензус за покана на Украина во Алијансата.

Дебата за тоа дали на Украина треба да ѝ се дозволи да користи оружје со голем дострел за напади на руска територија, за што со денови се шпекулира на Западот, е „замена на тези“, оцени претседателот на Русија Владимир Путин, објаснувајќи дека не станува збор за дозвола за оружјето со долг дострел, туку за тоа дека Украинците не можат да го користат самостојно, без директна вмешаност на западен воен персонал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ