сабота, 27 јули 2024

Столтенберг: Нема директна воена закана од Русија кон членките на НАТО

НАТО не гледа непосредна воена закана од Русија кон ниту една членка на Алијансата, но ќе продолжи со операцијата за одвраќање преку претстојната воена вежба „Стедфест дефендер“, најголемата во последните неколку децении, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека Алијансата го прави сето ова за да ја отстрани секоја можност за погрешна проценка или недоразбирање во Москва за подготвеноста на НАТО да го заштити секој милиметар од својата територија, пренесува Ројтерс.

„Се додека го правиме ова, нема да има напади на територијата на НАТО“, рече Столтенберг. Околу 90.000 војници ќе учествуваат во претстојната вежба „Стедфест дефендер 2024“, која започнува во февруари и ќе трае до мај.

НАТО потпиша договор вреден 1,1 милијарда евра за артилериска муниција од 155 милиметри, соопшти денеска Алијансата, а дел од гранатите ќе ѝ бидат доставени на Украина, по поплаките дека недостигот на муниција ги попречува нејзините воени напори.

„Војната во Украина стана битка за муниција“, изјави генералниот секретар на НАТО по церемонијата на потпишување во седиштето на алијансата во Брисел.

НАТО склучи договор во име на неколку сојузници кои или ќе ги проследат гранатите во Украина или ќе ги користат за обновување на сопствените резерви, кои се значително исцрпени. Купувањето на големо обезбедува пониски цени.

Со договорот најверојатно ќе се купат околу 220.000 парчиња артилериска муниција, а првите испораки се очекуваат на крајот на 2025 година, изјави претставник на НАТО за Ројтерс. Според извор од индустријата, муницијата ќе биде испорачана од францускиот производител на оружје Некстер и германскиот Јунгханс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ