сабота, 27 јули 2024

Столтенберг: Не сакаме војна со Русија, но треба да се подготвиме за конфликт

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги повика Европејците да го засилат производството на оружје за да ги зголемат испораките за Украина и да ги надополнат сопствените резерви, во интервју објавено денеска во германските медиуми.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Помалку од една недела пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел на 15 и 16 февруари, Столтенберг изјави: „Треба побрзо да ја обновиме и развиеме нашата индустриска база за да ги зголемиме испораките за Украина и да ги надополниме сопствените резерви“.

„Тоа значи дека е неопходно да се тргне од мирновременско бавно производство на брзо производство во време на конфликт“, изјави Столтенберг за германскиот весник Велт ам зонтаг.

„Нема непосредна воена закана против (НАТО) сојузниците, но истовремено Кремљ редовно им се заканува на земјите од НАТО“, нагласи Столтенберг.

Истакнувајќи дека руската инвазија на Украина пред речиси две години покажа дека „мирот во Европа не се подразбира“, тој ја истакна важноста на заштитата на земјите од Алијансата.

„Се додека инвестираме во нашата безбедност и останеме обединети, ќе продолжиме да ја одвраќаме агресијата“, рече тој.

„НАТО не сака војна со Русија, но мора да се подготвиме за конфликт кој може да трае со децении“, додаде Столтенберг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ