сабота, 27 јули 2024

Столтенберг: Не е прашање дали, туку кога Украина ќе стане членка на НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави денес дека не е прашање дали, туку кога Украина ќе стане членка на Северноатлантската алијанса.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Москва мора да разбере дека нема да ги оствари своите цели на бојното поле“, изјави Столтенберг пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и најави дека на состанокот ќе разговара за тоа како НАТО може да преземе повеќе одговорност за координирање на доставата на оружје и обука за Украина.

„Го трансформираме сеопфатниот НАТО пакет за помош во повеќегодишна програма за помош“, кажа Столтенберг и додаде дека денес, на 75-годишнината на НАТО, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Украина.

Столтенберг ги пофали членките на западниот воен пакт кои ѝ доставуваат помош на Украина, но предупреди дека на Европа ѝ се заканува војна „во размер за кој мислевме дека останал во историјата“ и дека Украина има итни потреби чие одложување „создава последици на бојното поле додека ние разговараме“.

„Кина ја зајакнува руската воена економија. За возврат, Москва ја става својата иднина под хипотека на Пекинг. Северна Кореја и Иран доставуваат значителни количества оружје и муниција. За возврат, Пјонгјанг и Техеран добиваат руска технологија и залихи кои им помагаат во унапредување на ракетите и нуклеарните способности. Затоа државите кои слично размислуваат мора да работат заедно бидејќи“, како што наведе Столтенберг, „сите можат многу да добијат од практичната соработка во областа на технологијата, сајбер и хибридните закани, но и бидејќи нивната соработка е важна за Украина и европската и индопацифичката безбедност“.

Додаде дека НАТО е формиран на една единствена претпоставка, а тоа е дека напад на еден сојузник е напад врз сите членки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ