сабота, 27 јули 2024

Столтенберг: НАТО на самитот ќе разговара за активностите на Русија и Кина во Африка

Објавено на

часот

Сподели

Исто така, мора да се бориме против континуираната закана од тероризам и нестабилност на југот. Гледаме руски дестабилизирачки акции во Африка и како Русија и Кина се инфилтрираат во регионот. Самитот ќе им даде можност на членките на Алијансата да разговараат за овие прашања, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со португалскиот премиер Антонио Коста, како што е објавено на веб-страницата на НАТО.

Тој нагласи дека мора да направиме повеќе во изградбата на одбранбените капацитети со клучните партнери на југот, како што се Тунис, Мавританија и Јордан.

Генералниот секретар на Алијансата повтори дека НАТО ќе стои покрај Украина онолку долго колку што е потребно и нагласи дека е убеден оти украинските сили ги имаат потребните капацитети за да ја вратат окупираната земја.

Тој потсети дека поддршката на НАТО сојузниците еволуирала низ различните фази на конфликтот и ги поздрави неодамнешните најави на сојузниците за обезбедување крстосувачки ракети и обука на украинските пилоти за користење на западните борбени авиони.

Пред самитот на НАТО во Вилнус, Столтенберг рече дека сојузниците ќе испратат силен сигнал за поддршка на Украина преку стратешка повеќегодишна програма за помош која ќе ѝ овозможи на Украина да премине од советската ера кон доктрините, опремата и обуката на НАТО и да постигне интероперабилност со Алијансата.

Тој, исто така, ја поздрави поддршката дадена од Португалија за Украина, вклучително и испораката на тенкови Леопард 2 и придонесот преку сеопфатниот пакет помош на НАТО, се заклучува во соопштението.

Столтенберг денеска се сретна и со португалскиот министер за надворешни работи Жоао Кравињо и министерката за одбрана Хелена Кареирас на разговори околу подготовките за самитот на НАТО кој ќе се одржи на 11-12 јули во Вилнус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ