сабота, 27 јули 2024

Столтенберг: На Украинците треба да им се дозволи да користат оружје на НАТО против цели во Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги повика сојузниците да ја укинат забраната Украина да користи оружје на Алијансата во нападите врз воени цели на територијата на Руската Федерација.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Сега кога се водат многу битки во Харков, во близина на границата, ускратувањето на можноста на Украина да го користи ова оружје против легитимни воени цели на руска територија, ја отежнува нивната одбрана“, изјави тој во интервју за Економист.

Весникот наведува дека јасна, иако неименувана цел на Столтенберг била политиката што ја водел американскиот претседател Џозеф Бајден, која тој ја користи за одредување цели што Украина може да ги нападне со американско оружје.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неколку пати апелираше до западните сојузници за дозвола да се користи донираното оружје на цели во Русија, особено по напредувањето на руските трупи во регионот Харков.

На 10-ти мај, Русија започна офанзива во овој регион, Столтенберг не очекуваше дека ударот ќе доведе до пробивање на фронтот.

„Тие ќе продолжат да притискаат и ќе продолжат да стекнуваат некоја маргинална позиција и подготвени се да платат многу висока цена за овие маргинални придобивки“, заклучи Столтенберг.

Тој предупреди дека Украина сѐ уште се бори и ги критикуваше европските сојузници.

„Европските сојузници ветија еден милион артилериски гранати. Не сме виделе такво нешто“, истакна Столтенберг.

Тој посочи дека со овој потег се зголемува ризикот од ескалација на тензиите, но додаде дека има разлика помеѓу испраќање оружје и обука и воен ангажман.

„Ние обезбедуваме обука, обезбедуваме оружје, муниција за Украина, но нема да бидеме директно вклучени од територијата на НАТО во борбени операции над или во Украина. Така што, тоа е друга работа“, изјави Столтенберг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ