сабота, 27 јули 2024
Ненадејно ги посети Киев и Буча

Столтенберг: На Украина местото ѝ е во НАТО, Кремљ: Москва е против

Објавено на

часот

Сподели

„Иднината на Украина е во евроатлантското семејство, иднината на Украина е во НАТО. Во исто време, главната цел на Северноатлантскиот договор и неговите сојузници е да обезбедат Украина да победи“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Генералниот секретар вети континуирана воена поддршка за Украина. Тој потсети дека до сега сојузниците на НАТО обучиле десетици илјади украински војници и обезбедиле 65 милијарди евра воена помош, пренесува Ројтерс.

„НАТО е со вас денес, утре и колку што е потребно“, рече Столтенберг, а потоа го покани Зеленски на самитот на НАТО што ќе се одржи во Вилнус, главниот град на Литванија, во јули.

Зеленски му рече на својот гостин дека е време Алијансата да ѝ понуди на Украина членство и повеќе оружје во борбата против Русија.

Денешната порака на генералниот секретар веројатно ќе го разгневи Кремљ, кој претходно денеска соопшти дека токму спречувањето на влезот на Украина во НАТО е една од главните цели на нејзината, како што ја нарекува, „специјална воена операција“.

Зеленски изразил очекување дека самитот на НАТО во Вилнус ќе биде „историски“ и се заблагодари за „поканата за учество“ на самитот, како и за поканата за членство.

„Нема објективна пречка за политичката одлука да се покани Украина во Алијансата сега кога мнозинството луѓе во земјите на НАТО и мнозинството Украинци го поддржуваат пристапот, па затоа е време да се донесат такви одлуки“, рече тој.

Тој рече дека на Украина ѝ треба повеќе оружје бидејќи секое одложување предизвикува повеќе смртни случаи. Украина ја објави својата кандидатура за НАТО во септември, откако Кремљ анектираше четири украински региони окупирани од руската војска.

Москва е против

Кремљ денеска на прес-конференција повтори дека Москва се противи на приемот на Украина во НАТО.

„Спречувањето на пристапувањето на Украина во НАТО останува една од клучните цели на нашата специјална воена операција“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Во спротивно, ќе има сериозна, голема закана за безбедноста на нашата земја“, рече Песков.

Западните аналитичари велат дека кога Русија ја почна војната во февруари 2022 година, Украина воопшто не била блиску до приклучување кон алијансата, пренесува Анадолу. Минатиот септември, таа формално аплицираше за членство во НАТО, иако не е јасно кога и дали некогаш ќе биде примена.

Посетата е прва на Столтенберг во земјата од почетокот на руско-украинската војна во февруари минатата година.

Столтенберг го посети Киев еден ден пред состанокот на кој претставниците на Одбранбената контакт-група за одбрана за Украина се среќаваат во германската воздухопловна база Рамштајн, каде што ќе разговараат за нови испораки на оружје за Украина.

Данска и Холандија денеска објавија дека заеднички ќе донираат 14 тенкови леопард 2. Во средата Вашингтон објави нова воена помош од 325 милиони долари за Украина, која вклучува високоподвижни артилериски ракетни системи (ХИМАРС), напредни и противтенковски ракети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ