Столтенберг кажа дека БиХ во моментов се наоѓа во Акцискиот план за членство во НАТО, кој е активиран.
„БиХ мора да ги исполни неопходните реформи, мора да продолжи да работи на нив. Реформите мора да се спроведат без оглед на членството во НАТО, тие имаат вредност сами по себе, но можат да помогнат за членство во НАТО“, кажа Столтенберг по средбата со претседавачот на Претседателството на БиХ Денис Беќировиќ во седиштето на НАТО.
Според него, реформите помагаат и на патот кон Европската Унија.
„Јакнење на демократските институции е еден од главните услови, а вториот елемент е граѓаните и институциите да имаат желба за членство. Не одлучувам јас, тоа го одлучуваат граѓаните на БиХ. Членството на БиХ во НАТО не може да се случи утре, но може да ја стабилизира БиХ и да ја доведе до членство во ЕУ“, оцени Столтенберг.
Сите политички партии во Република Српска сметаат дека БиХ треба да има неутрален статус по ова прашање, како Србија која прогласи воена неутралност.
Народното собрание на Република Српска во октомври 2017 година донесе резолуција за воена неутралност.