понеделник, 24 јуни 2024
Македонецот кариерата ја продолжува на Местаља

Столе Димитриевски во Валенсија е завршена работа, ставен потпис на четиригодишен договор!

Голем број на извори објавија дека Столе Димитриевски е нов играч на Валенсија, Македонецот ставил потпис на четиригодишен договор.

Објавено на

часот

Сподели

Валенсија подолго време имаше вербален договор со Столе Димитриевски, но за Македонецот да стави потпис на документите, се чекаше популарните „лилјаци“ прво да го продадат Гиорги Мамардашвили.

Но со оглед на тоа дека интересот за Столе Димитриевски беше голем, клубот од Местаља не сакаше ништо да ризикува, па реши да го зграпчи голманот уште сега.

Голем број на извори пренесуваат дека Столе Димитриевски ставил потпис на договор со Валенсија.

Новинарот Фабрицио Романо пишува дека станува збор за соработка до јуни 2028 година, додека пак Марка и Релево брифираат дека соработката е до јуни 2026 година, со опција да биде продолжена до јуни 2028 во зависност од настапите и успесите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ